Белгија губеше 0-2, се врати и со пенал во 125. минута го елиминира Сенегал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгија беше на работ од елиминација, но со неверојатен камбек го совлада Сенегал со 3-2 по продолженија и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство. Херој на „црвените ѓаволи“ беше капитенот Јури Тилеманс, кој со гол од пенал во 125. минута ја донесе победата.

Сенегал долго време имаше целосна контрола врз натпреварот и со погодоците на Хабиб Дијара и Исмаила Сар поведе со 2-0. Белгија немаше решение сè до самиот финиш, кога Ромелу Лукаку во 86. минута ја врати надежта.

Само три минути подоцна Тилеманс погоди со глава за 2-2 и го одведе натпреварот во продолженија, каде што драмата продолжи до последните секунди.

Во 125. минута, по досуден пенал по ВАР проверка, токму Тилеманс ја презеде одговорноста и сигурно реализираше за конечни 3-2. Во осминафиналето Белгија ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу САД и Босна и Херцеговина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×