Светското првенство полека ја добива конечната слика во нокаут фазата, а по три одиграни дена од шеснаесетфиналето веќе се познати седум патници во осминафиналето.
Меѓу најдобрите 16 селекции се пласираа Канада, Бразил, Парагвај, Мароко, Мексико, Норвешка и Франција.
Познати се и првите три осминафинални пресметки. Норвешка по триумфот од 2-1 над Брегот на Слоновата Коска ќе игра против Бразил, Франција со убедливите 3-0 ја елиминира Шведска и си закажа дуел со Парагвај, додека Канада ќе се сретне со Мароко.
Мексико со победата од 2-0 против Еквадор обезбеди место во следната рунда, каде ќе го чека подобриот од натпреварот меѓу Англија и ДР Конго.
До комплетирањето на осминафиналето остануваат уште осум натпревари:
- САД – БиХ
- Белгија – Сенегал
- Аргентина – Зеленортски Острови
- Австралија – Египет
- Швајцарија – Алжир
- Колумбија – Гана
- Португалија – Хрватска
- Шпанија – Австрија