Бразил со гол во 95. минута на Габриел Мартинели ја совлада Јапонија со 2-1 и обезбеди место во осминафиналето, а победничкиот погодок влезе во историјата на Светските првенства.
Мартинели стрелаше во последните моменти од натпреварот и донесе голема радост за „кариоките“, но и постави нов рекорд.
Според официјалната статистика, неговиот гол во 95. минута е најдоцниот победнички погодок постигнат во нокаут фазата на Светските првенства на натпревар кој бил решен во регуларните 90 минути, без продолженија.
Со овој историски погодок, Бразил на драматичен начин ја продолжи борбата за светската титула.
95:00 – Gabriel Martinelli’s winner for Brazil (95:00) is the latest winning goal in normal time of the knockout stages of the FIFA World Cup on record (since 1966).