122
Елиминацијата на Јужна Кореја уште во групната фаза на Светското првенство предизвика бурни реакции во земјата, а меѓу најгласните беше и претседателот Ли Џае Мјунг.
Јужнокорејците освоија само три бода во групната фаза и не успеаја да се пласираат во осминафиналето, по што првиот човек на државата побара да се испита како дошло до неуспешниот настап.
„Со оглед на тоа дека голем број национални средства на даночните обврзници и ресурси на државата беа вложени за учеството на Светското првенство, барам од министерството за култура, спорт и туризам да направи истрага за овој неуспех“, кажа првиот човек на земјата.