Статистичката компанија „Опта“ ги објави најновите прогнози за освојувачот на Светското првенство 2026, а најголеми шанси за титулата ѝ дава на Франција.
Според анализите, Французите имаат 18,7 проценти шанси да го освојат Мундијалот. Зад нив се Аргентина, додека Шпанија е третата селекција со двоцифрен процент за светската титула.
На листата на „Опта“, Хрватска се наоѓа на 18. место меѓу 32-те репрезентации кои изборија пласман во нокаут фазата, додека Босна и Херцеговина е рангирана на 29. позиција.