Иранскиот бек во солзи: Не знам зошто имаме толку несреќа, нашиот народ не го заслужи ова…

by 24 фудбал
1 минути читање

Иран пропушти голема можност да обезбеди пласман во шеснаестинафиналето на Светското првенство, откако одигра 1-1 против Египет и сега ќе зависи од останатите резултати во групната фаза.

Во самиот финиш Иранците постигнаа гол за победа, но тој беше поништен поради офсајд, одлука која предизвика многу реакции. По натпреварот, Рамин Резаиан не го криеше разочарувањето.

Не знам што да кажам. Не знам зошто имаме таква несреќа, еднаш, двапати, трипати, четири, петпати. Не знам што направи нашиот народ за да го заслужи ова. Се надевам дека сè уште можеме да се квалификуваме за нашите граѓани да се чувствуваат подобро, заслужуваат повеќе од ова. Се боревме колку што можевме. Не беше важно дали ќе умреме вечерва. Само сакавме да го направиме нашиот народ среќен“, изјави искусниот репрезентативец.

И покрај ремито, Иран сè уште има шанси за место во нокаут фазата, но за тоа ќе мора да добие помош и од резултатите на останатите натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×