Последното коло од групната фаза на Светското првенство ќе ги даде и последните патници во осминафиналето, а во неколку групи се очекува неизвесна разврска до самиот крај.
Доколку две или повеќе репрезентации го завршат натпреварувањето со ист број бодови, за конечниот пласман ќе одлучуваат однапред утврдените критериуми на ФИФА.
Прво ќе се пресметува гол-разликата, а ако и таа биде идентична, предност ќе има селекцијата со повеќе постигнати голови. Доколку ниту овие два параметри не направат разлика, ќе следува фер-плеј рангирањето, кое се темели на бројот на добиени жолти и црвени картони. Репрезентацијата со помалку казнени поени ќе биде подобро пласирана.
Во исклучително ретка ситуација и овој критериум да не донесе победник, последниот фактор ќе биде ФИФА ранкингот со кој репрезентациите го започнаа Мундијалот. Тоа значи дека во преостанатите шест натпревари од групната фаза не само секој постигнат гол, туку и секој добиен картон може да има клучно влијание во битката за место во нокаут фазата.