Мурињо раскажа како примил инјекција за да натера играч и тој да го направи истото!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо беше гостин во подкаст на Акинфенва, па меѓудругото раскажа и некои нови анегдоти кои досега ги немал кажано.

Португалецот откри за еден случај кога играч не сакал да прими инјекција за да настапи на натпревар.

„Имав еден фудбалер кој не сакаше да прими мала инјекција за да игра натпревар“, раскажува Мурињо.

„Јас го соблеков чевелот и чорапата, го ставив стопалото пред неговото лице и му реков на докторот: „Стави ми инјекција“. Тој ми стави и мојот палец беше перфектен“.

„Потоа му кажав на фудбалерот: „Ајде, и ти можеш истото да го направиш“. Тој ми рече: „Не, ти си луд“. Добро“.

„После тоа веќе никогаш не го ставив во игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×