Исто како и вчера, кратовскиот клуб и денеска промовираше двајца нови фудбалери, синоќа беа Босанци, сега се Македонци.
Крилниот напаѓач Никола Богданоски и дефанзивецот Дарко Илиески се нови фудбалери на кратовскиот клуб.
„ФК Силекс со задоволство ви го претставува новото засилување за сезоната 2026/27 – крилниот напаѓач Никола Богданоски, кој пристигнува од српскиот суперлигаш Напредак Крушевац. 27-годишниот Никола Богданоски настапува на крилните позиции во нападот, зад себе има настапи за повеќе клубови од Србија и Казахстан, како и настап за младата репрезентација на Македонија.
Брзината, продорноста и разновидноста во играта го прават значајно засилување за нашиот тим, а неговото искуство ќе биде од голема важност во предизвиците што нè очекуваат во домашното првенство и европските натпреварувања“, стои во соопштението за Богданоски.
„ФК Силекс со задоволство ви го претставува новото засилување за сезоната 2026/27 – дефанзивниот ред ќе го засили Дарко Илиески, кој пристигнува од ГФК Охрид. 30-годишниот Дарко Илиески настапува на позицијата централен дефанзивец. Во својата кариера има настапувано за повеќе клубови од домашното првенство, а зад себе има и интернационално искуство во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија.
Станува збор за искусен и сигурен стопер кој со своите лидерски квалитети, цврста игра во одбраната и богато прволигашко искуство ќе претставува големо засилување за тимот во пресрет на новата сезона и настапите на домашната и европската сцена“, велат од Кратово за Илиески.