Реал ќе го купи Паз од Комо за 9 милиони евра, па ќе му го продаде за 60 милиони!?

by riste
1 минути читање

Во летниот преоден рок може да се случи еден навидум необичен трансфер, во главната улога се Реал Мадрид, Комо и Нико Паз.

Нико Паз како играч на Реал Мадрид замина за Комо во 2024 година. Тогаш во договорот беше вметната клаузула со која кралскиот клуб може за 9 милиони евра да си го врати фудбалерот назад.

Во меѓувреме Нико Паз се промовираше како главен играч на Комо и еден од најперспективните млади фудбалери од средниот ред во светот.

Паз сака да остане во Комо, италијанскиот клуб сака да го задржи, но Реал Мадрид ќе ја искористи клаузулата и ќе го врати назад за 9 милиони евра.

Според шпанските медиуми тоа треба да се случи денеска, Реал Мадрид да го информира Комо дека ќе ја плати сумата за да го добие фудбалерот назад.

Но, Реал Мадрид не планира да го игра Паз, конкуренцијата во тимот е голема, па тој веднаш ќе биде ставен на продажба.

Најпрво ќе му биде понуден токму на Комо за цена од 60 милиони евра, доколку тие не го купат, ќе биде продаден на друг клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×