Наскоро ќе падне британскиот трансфер рекорд?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити и Нотингем Форест наскоро ќе имаат нова рунда преговори, се очекува двата клуба да си подадат рака за трансфер на Елиот Андерсон во зделка вредна околу 130 милиони фунти.

Наскоро ќе падне британскиот трансфер рекорд, барем тоа го најавуваат медиумите од Англија.

Манчестер Сити имаше два неуспешни обиди за ангажман на Елиот Андерсон, последниот беше вреден преку 120 милиони фунти.

Се најавува дека „граѓаните“ наскоро ќе седнат повторно на маса со Нотингем Форест на нова рунда преговори, и се очекува двата клуба да си подадат рака за зделка вредна околу 130 милиони фунти.

Со вакви бројки, Елиот Андерсон ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×