Кристијано Роналдо вели дека е среќен со двата гола против Узбекистан и новата историја која ја испиша, но додава дека е најважно тоа што Португалија покажала карактер и самодоверба.
Португалија одигра само 1-1 против Конго на воведниот натпревар на мундијалот во САД, па по крајот на натпреварот пристигнаа многу критики на адреса на Кристијано Роналдо.
Напаѓачот беше посочен како главен виновник за лошата партија, дека го влече тимот надоле и дека неговото време е поминато.
Но вечерва ЦР7 одговори со два погодока против Узбекистан и испишување нова историја, стана првиот фудбалер кој постигнал гол на шест Светски првенства.
По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо се сврте кон камерите и порача, „Се вратив!“
На средбата со новинарите, тој го појасни својот гест и рече: „Ова е за сите што се сомневаа, веќе 23 години одговарам на критиките долу на теренот!“
За рекордот, тој вели: „Среќен сум поради рекордот, но повеќе ме радува начинот на кој одигравме, покажавме карактер и самодоверба. Цела недела бевме на удар, но останавме сплотени. Убаво е кога ќе се испише историја, но најважно ми е репрезентацијата да ги оствари своите цели“.
„Знаев дека головите ќе дојдат. Имав многу тешка недела и имаше моменти кога луѓето се однесуваа како веќе да сум ја завршил кариерата. Но јас верувам во напорната работа и никогаш не се откажувам Беше тешко, но повторно сме тука“.
ФОТО: X/Portugal