Меси денеска може да го постави еден од најголемите рекорди во кариерата

by Стефан
1 минути читање

По победите во првото коло, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија вечерва од 19 часот во Далас ќе го одиграат натпреварот од второто коло во групата Ј на Светското првенство.

Аргентинците на стартот со 3-0 го совладаа Алжир, благодарение на трите погодоци на Лионел Меси, додека Австрија со 3-1 беше подобра од Јордан.

Аргентина важи за фаворит во групата, а за Австријците и самиот пласман на Светското првенство, по 28 години чекање, претставува огромен успех.

Освен значењето за пласманот во групата, натпреварот има и историска тежина, пред сѐ за Лионел Меси. Откако со освојувањето на Светската титула во 2022 година за многумина го потврди статусот на најдобар фудбалер на сите времиња, славниот Аргентинец има можност да испише нова страница во историјата.

Со трите гола против Алжир на отворањето на шампионатот, Меси стигна до бројката од 16 погодоци на Мундијалите.

Така се израмни со досегашниот рекордер, германскиот напаѓач Мирослав Клосе, кој својот 16-ти погодок го постигна во победата од 7-1 против Бразил на Светското првенство во 2014 година. Клосе тогаш го симна од врвот Бразилецот Роналдо, кој застана на 15 голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×