Претседателот на Бразил јавно го понижи Нејмар: Првиот фудбалер кој „работи од дома“!

by bojan
1 минути читање

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва реши да се пошегува на сметка на Нејмар и порача дека напаѓачот е првиот фудбалер повикан за настап на Светско првенство, а да „работи од дома“.

Карло Анчелоти се чини дека потклекна под притисокот на јавноста и го вметна Нејмар во финалниот состав на Бразил за мундијалот во САД.

Но не требаше многу време за да се случи контроверзија, од таборот на „кариоките“ открија дека Сантош и Нејмар лажеле за повредата и напаѓачот нема да биде подготвен за стартот на Светското првенство.

Па Нејмар не беше во составот на Бразил на отворањето против Мароко, а нема да биде ниту за мечот против Хаити, ќе остане во тренинг базата во Њу Џерси и ќе работи на својот фитнес.

Нејасно е кога тој ќе може да му се стави на располагање на Карло Анчелоти, и додека се чекаат вести, претседателот на Бразил јавно ја понижи големата ѕвезда.

Зборувајќи на еден јавен настан, Луис Инасио Лула да Силва се мајтапеше со Нејмар и порача: „Тој е правиот фудбалер повикан за настап на Светско првенство, а да „работи од дома““!

ФОТО: X/Rafael Ribeiro/CBF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×