Босна не заслужи да загуби убедливо, резервистите и донесоа три бода на Швајцарија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Манзамби со два гола ја предводеше Швајцарија до победа на Босна и Херцеговина

Швајцарија стигна до победа од 4-1 над Босна и Херцеговина, селекторот Јакин ги погоди замените, резервите Манзамби и Варгас донесоа три бода.

Швајцарија е многу блиску до нок-аут фаза, а БиХ својата шанса за пласман понатаму ќе ја бара во последното коло против Катар.

Вечерва во Лос Анџелес, Швајцарија стигна до победа од 4-1, селекторот Јакин ги погоди замените, резервите Манзамби и Варгас донесоа три бода.

На теренот имаше рамноправна борба се до 74. минута, кога Босанците не расчистија добро една нафрелна топка, а Манзамби закачи волеј за водство од 1-0.

Пет минути подоцна, БиХ остана со играч помалку, Мухаремовиќ заработи црвен картон, а Швајцарија веднаш ја искористи бројчната предност и преку Варгас стигна до 2-0.

Во 90. минута, Варгас му асистираше на Манзамби за 3-0 и веќе тука беше јасно кој ги однесе трите бода.

До последниот свиреж на судијата, Махмиќ постигна почесен гол за БиХ и намали на 3-1, за Џака од пенал да ги постави конечните 4-1.

ФОТО: X/FIFA World Cup

Можно е и ова да ти се допаѓа

×