557
ПСЖ успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако на пенали го победи Арсенал во големото финале кои синоќа се одигра во Будимпешта.
Покрај пехарот и медалите, на сметката на ПСЖ ќе легне и голема сума, но не е мала ниту таа на Арсенал.
Само за победата во финалето ПСЖ ќе инкасира 25 милиони евра, додека Арсенал за второто место ќе добие 18,5 милиони евра.
Овие пари се само за финалниот меч, а за вкупниот настап во текот на сезоната двете екипи ќе заработат многу повеќе.
Вкупната сума која ја заработи ПСЖ од учеството во ЛШ оваа сезона е 146 милиони евра.
Арсенал заработи 143 милиони евра. Топчиите имаа импресивни изданија во лигашкиот дел во кој редеа само победи.