Милан летоска почнува нов проект со нов спортски директор и нов тренер?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека „росонерите“ летоска би можеле да започнат нов проект, Тони Д’Амико да биде именуван за нов спортски директор, а тој да го донесе Винченцо Италијано за нов тренер.

Милан потфрли оваа сезона, трката за Скудетото одамна е минато, а во последните три кола ќе се бори да не останат и без топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, лесно може да се случи летоска да биде започнат нов проект на „Сан Сиро“.

Генералниот извршен директор Џорџо Фурлани не е задоволен од работата на Игли Таре, двајцата не се во добри односи, па се говори за можноста Тони Д’Амико од Аталанта а биде именуван за нов спортски директор.

А тој пак би можел да донесе нов тренер, односно Винченцо Италијано да седне на клупата на Милан.

Во меѓувреме, Макс Алегри порача дека не им обрнува многу внимание на шпекулациите, и гласините кои го поврзуваат со репрезентацијата на Италија, бидејќи сака да остане на „Сан Сиро“.

„Во моментов во мојот фокус е само на Милан, трите натпревари до крајот и следната сезона. Сакам да останам во Милан што е можно подолго“ – рече тренерот на денешната прес-конференција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×