Жозе Мурињо излезе со провокативни коментари, вели дека ниту еден играч од овој Интер немало да игра во неговиот тим од сезоната 2009/10, кога беше освоена историската тројна круна.
„Специјалниот“ во интервју за Спортвик доби неколку прашања поврзани со Интер, а тој неочекувано даде провокативни коментари.
„Ми се допаѓаат многу играчи на Интер, но ниту еден од нив не би играл во мојот победнички тим од тројната круна“ – вели Жозе Мурињо.
„Лаутаро или Милито? Го преферирам Милото. Го обожавам Лаутаро, но го ценам Милито три пати повеќе бидејќи станува збор за еден од играчите кои ја донесоа тројната титула. Милито беше еден од играчите кои ми дадоа најмногу“.
Португалецот со сличен тон даде и видување за успехот на Кристијан Киву, кој во својата прва сезона на кормилото на Интер го донесе Скудетото.
„Имаше малку среќа бидејќи ниту еден од ривалите не беше прав конкурент за титулата. Наполи не се покажа како сериозен предизвикувач, Милан е во транзиција, исто како и Јувентус“.
„Но да, Киву има одредена заслуга за успехот“.
Тој исто така додаде дека најголема грешка во кариерата му е тоа што го напуштил Интер, но доколку сега треба да донесе одлука, ќе го стори истото – ќе го одбере Реал Мадрид.