ПСЖ води со 0-1 по првото полувреме на „Алианц“ Арена, но Баерн Минхен смета дека е оштетен и требал да добие пенал за играњето со рака на Жоао Невеш.
„Светците“ и „баварците“ приредија лудо гол шоу на првиот натпревар во Париз, мрежите се тресеа дури девет пати.
Реваншот во Минхен вечерва почна во сличен стил, ПСЖ поведе по само три минути игра, Кварацхелија одлично продре по левата страна и врати топка во срцето на шеснаесетникот за Дембеле, кој биеше прецизно под пречката за 0-1.
Многумина очекуваа нова гол серија, но мрежите мируваа до крајот на полувремето, а првиот дел беше одбележан од голем контроверзен момент.
Joao Neves definitely handballs here if this was arsenal it’s given without a doubt pic.twitter.com/cQkljbyW4n
— Danis (@DanisMCFC) May 6, 2026
Жоао Невеш играше со рака, раката не беше во природна позиција па сите во Баерн бараа пенал.
Но судијата не досуди ништо, ниту пак беше коригиран од ВАР.
Мислењата помеѓу љубителите на фудбалот се поделени, најголемиот дел сметаат дека ова е чист пенал, додека пак други веруваат дека иако играњето со рака е јасно, за ваква ситуации не се покажува на белата точка.