1,9K
Рио Фердинанд не
се штедеше на своите критики до фудбалерите на Манчестер јунајтед, а можеби
неговите критики се однесуваат и на стручниот штаб, по раната и пред се’
шокирачка елиминација од Севиља во
осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Ужасно…“ беше
првиот коментар на поранешниот долгогодишен дефанзивец на тимот од Олд Трафорд.
„Не очекував
вакво нешто, особено не по победата над Ливерпул, мислев дека ќе имаат
самодоверба на овој натпревар, но тие наликува на тим фрлен на теренот заедно
преполн од странци, играа на нерви, играа нервозно и невнимателно од почетокот,
во вакви натпревари треба да се игра мошне внимателно, сите да имаат
одговорност на себе“ додаде Фердинанд.