Голем шок за фановите на
Манчестер јунајтед по раната елиминација уште во осминафиналната рунда
натпревари во Лигата на шампионите по поразот од Севиља на домашен терен,
откако на гости одигра без голови.
Жозе Мурињо се соочува
со големи критики на негова адреса во моментов, а една од тие е фактот што дури
и Дејвид Мојс има подобар учинок на клупата на тимот од Олд Трафорд во Лигата
на шампионите, тој стигна до четвртфиналето, а Мурињо беше запрен во
осминафиналето.
Љубителите на фудбалот
се доста активни на социјалните мрежи, па така проследивме еден мошне интересен
коментар во однос на оваа тема.
„Дејвид Мојс го одведе
Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а во средината на
теренот го имаше Том Клеверли. Жозе Мурињо забележа елиминација во
осминафиналето имајќи ги во својот состав Погба (115 милиони фунти). Лукаку (100
милиони фунти), како и Санчез (600 илјади фунти неделна плата)“ напиша еден
фудбалски фан.
David Moyes took United to Quarter Finals with Tom Cleverley in midfield. Jose Mourinho knocked out United in Round of 16 with £115m Pogba, £100m Lukaku, £56 Martial and £600k per week Sanchez.
Moyes > Mourinho pic.twitter.com/w5E5Z43sar
— Guardiolista (@MCFC_HQ1) March 13, 2018