Андре Гомеш си ја отвори душата: Престојот во Барса ми стана пекол, има денови кога се плашам да излезам на улица

by
2 минути читање

Португалецот во
2016 пристигна во Барселона како големо засилување во зделка вреден околу 35
милиони евра, плус уште преку 20 милиони евра во бонуси. „Каталонците“ за
услугите на Андре Гомеш го победија литиот ривал Реал Мадрид па фановите
дополнително беа возбудени од трансферот.

Сепак, фудбалерот
од средниот ред има потешкотии при адаптацијата, не игра на потребното ниво и
често добива свирежи од сопствените фанови.

Во разговор со
Паненка, Андре Гомеш проговори за својата ситуација, открива дека поминува низ
пекол и се ппаши да излезе на улица.

„Не се чувствувам
добро на теренот, не уживам во работите кои сакам да ги правам. Првите шест
месеци беа добри, но потоа работите се променија”
– вели Португалецот.

„Можеби не е
коректен збор, но престојот ми се претвори во пекол бидејќи секој ден
притисокот е сè поголем. Она што го чувствувам за време на натпреварите е
навстина лошо”.

„На тренинзите
сум спокоен, се чувствувам комфорно покрај соиграчите. Очигледно има денови
кога моралот и самодовербата ми се на ниско ниво, и тоа се применува и на
тренинзите. Обично е така кога претходниот ден сум играл па во глава постојано
ми се вртат слики од натпреварот и тоа не ми дозволува да продолжам”.

„Во повеќе
наврати се случувало да не сакам да излезам од дома. Луѓето ве гледаат, ве фаќа
страв да излезете на улица поради срамот”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани