85
И втората пресметка помеѓу Интер и Наполи оваа сезна заврши со најнепопуларниот резултат. Вечерва мрежите мируваа на Џузепе Меаца.
Во тврд натпревар со малку 100% шанси, најдобрата прилика за гол ја имаа домаќините. Шкринијар во второто полувреме ја погоди рамката од голот. Потоа и гостите не реализираа добра шанса, Инсиње пропушти да се прослави.
Ремито во Милано значи дека Јувентус е нов лидер во Серија А, „Старата Дама“ има +1 на врвот на табелата и натпревар помалку, оној одложениот со Аталанта.