160
Шкодран Мустафи
го постигна водечкиот гол за Арсенал во победата на тимот од Лондон на домашен
терен против Ватфорд со 3-0 во редовното коло од англиската Премиерлига денес.
Едно известување
од официјалната апликација на Арсенал ги зачуди фановите на овој клуб. На 15 минути
пред стартот на мечот, корисниците на таа апликација добиле известување дека
Шкодран Мустафи добил црвен картон, клубот набргу се поправи за таа грешка, па
извести дека дефанзивецот не добил црвен картон пред да започне мечот.
Инаку,
швајцарскиот интернационалец одигра 73 минути од средбата.


