154
Актуелниот шампион се рехабилитираше по двата порази во низа од дуелите со клубовите од Манчестер. Избраниците на Конте денеска на Стемфорд Бриџ со 2-1 го совладаа Кристал Палас.
Резултатот го отвори Вилијан во 25. минута, а со автоголот на Кели, домаќините поведоа со 2-0 во 32. минута. Челси потоа имаше еден куп шанси предвреме да го реши прашањето за победникот а откако не ги искористи своите прилики, противникот се врати во игра, ја погодои пречката, имаше неоправдано поништен гол, за Ван Анхолт да ја затресе мрежата на Куртоа во 90. минута па домаќините стравуваа неколку минути дека можат да останат без трите бода.