372
Рома во мислите
го имаше дуелот со Шахтар во Лигата на шампионите, но и покрај тоа домаќините
не дозволија изненадување на Олимпико и го „преслушаа“ Торино.
Резултатот беше
отворен во 56. минута, Манолас скокна највиско на подалечната статива и ја заби
топката во мрежата на гостите за 1-0. Дефанзивецот погодокот му го посвети на
поранешниот соиграч Давиде Астори, кој трагично почина во неделата.
Дилемите околу
победникот ги реши Де Роси, капитенот одлично се снајде по
вратената топка од Наинголан и погоди за 2-0 во 73. минута.
Во судиското
надополнување Пелегрини го постави конечниот резултат, фудбалерот од средниот
рутински реализираше една школска контра за 3-0.