Спортинг и
Ристовски ќе патуваат за Чешка со солидна позитива. Избраниците на Жесус ја искористија
предноста на домашен терен во првиот натпревар и пред своите фанови вечерва триумфираа
со 2-0.
Монтеро беше
херојот на домаќините, напаѓачот во два наврати ја тресеше мрежата на Викторија
Плзен.
Колумбиецот на
асистенција на Коентрао го отвори резултатот во судиското надполнување на
првиот дел, а потоа погоди по втор пат на стартот од вторите 45 минути за
голема радост на Спортинг.
Нашиот Стефан
Ристовски одигра 90 минути и помогна гигантот од Лисабон да ја сочува
сопствената мрежа.
На останатите
средби од 21:05, Лацио и Динамо Киев одиграа 2-2, Марсеј со 3-1 славеше над
Атлетик Билбао, а Лајпциг со 2-1 го совлада Зенит.