28
По четири последователни меча без победа во сите натпреварувања, Реал Мадрид конечно дојде до триумф откако со 2-1 го совлада Алавез.
Тимот на Арбелоа ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода од денешниот дуел.
Резултатот го отвори Килијан Мбапе со гол по половина час игра на мечот.
А по пет минути игра во вториот дел Винисиус Жуниор реализираше прекрасен гол од далечина за водство на Реал Мадрид од 2-0.
Во судиското продолжение од мечот Алавез постигна почесен гол, стрелец беше Мартинез.