Неколку извори од „островото“ објавија дека Манчестер јунајтед си подал рака со Коби Мејну и Хари Мегваер за нови договори.
„Ѓаволите“ ризикуваа да останат без еден од бисерите на својата школа, Коби Мејну никако не успеваше да се наметне кај Рубен Аморим, па често се говореше дека тој ќе замине од Олд Трафорд.
Сепак, работите се променија со Мајкл Керик на клупата, младиот Англичанец повторно добива шанса, па тоа значеше и пресврт кога е во прашање неговата иднина.
Денеска неколку извори од „островото“ објавија дека Коби Мејну ќе му остане верен на Манчестер јунајтед и ќе стави потпис на нов договор.
Како што објави Токспорт, тој во иднина ќе заработува околу 120.000 фунти неделно, или речиси ПЕТ пати повеќе од тоа што го добива во моментов (околу 25.000 фунти).
Покрај Коби Мејну, се очекува нов договор да потпише и Хари Мегваер, во моментов не се откриваат детали од новата соработка на дефанзивецот