Првиот голман на „спарси“, Гиљермо Викарио ќе мора на операција а со тоа се отвара вратата за Антонин Кински повторно да застане помеѓу стативите.
За првиот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, Игор Тудор реши да му даде шанса на младиот Антонин Кински, но одлуката беше катастрофална под Тотнем.
Чехот направи два големи кикса и кумуваше Атлетико да води со 3-0 по петнаесетина минути игра, па беше дополнително понижен и повлечен од игра.
Многумина сметаа дека неговата кариера во Северен Лондон е завршена по ова фијаско, но се отвара вратата за тој повторно да застане помеѓу стативите.
Тотнем попладнево соопшти дека Гиљермо Викарио ќе мора на операција и ќе паузира неколку недели.
Викендов „спарси“ го играат можеби најважниот натпревар оваа сезона против Нотингем Форест, но фановите можат да здивнат, Кински нема да брани на овој меч, Викарио ќе стисне заби и ќе игра со болка, па дури потоа ќе замине „под нож“.
Но Кински би можел да брани против Сандерленд, или Брајтон, во зависност од тоа како се ќе опоравува Италијанецот.