Тиквеш со убедливи 6-1 славеше во пресметката со Брера Струмица, натпреварот го одбележа Мартин Стојанов, кој прекрасно погоди со „ножички“, Работнички ја потврди одличната форма со триумф од 2-0 над Силекс.
Домаќините доминираа на отворањето на 24. коло во ПМФЛ, Работнички и Тиквеш ги добија дуелите против Силекс, односно Брера Струмица.
На арената „Тодор Проески“ во Скопје, популарните „романтичари“ покажаа дека се одлична форма и ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари откако со 2-0 го совладаа Силекс.
Попзлатанов го отвори резултатот во 13. минута, а истиот играч стрелаше прецизно и во 34. минута за 2-0, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.
Тиквеш ја декласираше Брера Струмица со 6-1, пресметката ја одбележа Мартин Стојанов, кој погоди со „ножички“ за 1-0 по десет минути игра.
Мекиќ изедначи на 1-1, но домаќините уште три пати се радуваа до крајот на првиот дел, најпрво Стојилевски си постигна автогол, а потоа стрелаа Стојанов и Тасев.
На стартот од второто полувреме, Лучианињо зголеми на 5-1, додека во финишот од мечот Стојчев ги постави конечните 6-1.