Хорор повреда на Енфилд: Фудбалер на Галатасарај за малку ќе останел без прст (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Галатасарај, Ноа Ланг заработил длабока исекотина на палецот на десната рака по еден судар со рекламен билборд на синоќешниот натпревар против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Ноа Ланг за малку ќе останел без прст за време на вчерашниот натпревар на Енфилд помеѓу Ливерпул и Галатасарај во Лигата на шампионите.

По еден судар со рекламен билборд, Холанѓанецот заработил парцијална ампутација на палецот на десната рака.

Лекарските тимови на двете екипи веднаш се обидоа да му помогнат и мака мачеа да го сопрат крварењето, Ноа Ланг на носилки го напушти теренот и мораше да добие кислородна поддршка.

Тој веднаш бил пренесен во болница, каде денеска ќе биде и опериран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×