Лугано не го пушта Алиоски да дојде во Скопје!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го објави списокот на повикани играчи за полуфиналниот бараж против Данска, но настапот на Езгјан Алиоски засега е неизвесен.

Иако неговото име се најде на списокот, Алиоски има повреда поради која постои дилема дали ќе може да ѝ се приклучи на репрезентацијата. Како што појасни селекторот, медицинскиот тим на неговиот клуб Лугано во моментов не му дозволува да отпатува и да се стави на располагање на националниот тим.

„Имаме одредени проблеми, повреден е Муслиу, но тренираше и играше за вториот тим, очекувам до натпреварот сепак да биде подготвени. Исто така Алиоски има повреда и медицинскиот тим на неговиот тим не дозволува да дојде во Скопје, ќе видиме што ќе кажае нашиот лекарски тим“, истакна Седлоски.

Полуфиналниот бараж меѓу Данска и Македонија ќе се одигра на 26 март во Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×