Веќе извесен перод се
шпекулира дека односите помеѓу Мурињо и Погба се нарушени, а од ден на ден за
тоа се повеќе се пишува низ медиумите на Островот.
Вчера Манчестер јунајтед
славеше против Хадерсфилд и обезбеди прогрес во ФА Купот, а изоставен од
составот беше токму францускиот фудбалер, на негово место веќе неколку
натпревари се истакнува младиот Скот МекТоминеј кој добива се поголеми пофалби
од сите страни.
„Искрено, мислам дека
Скот заслужува многу повеќе од тоа што го добива. Можеби на таков начин имам
мислење за него бидејќи тој е љубезно момче, со нормална фризура на себе, без
тетоважи, без скапи автомобили, без големи часовници на себе. Се работи за
скромно момче кое пристигна во клубот кога имал девет или десет години“ рече
Мурињо а со тоа испрати и јасна порака до Погба.