Фудбалерот на Челси, Педро Нето се најде на мета на критики откако го турна момчето задолжено за собирање топки за време на поразот од Челси со 5-2 од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
Инцидентот се случи во судиското продолжение, кога португалскиот крилен играч се обиде брзо да изведе аут и го турна момчето во градите, кое, како што изгледаше, го одолговлекуваше враќањето на топката во игра.
По натпреварот Нето призна дека му се извинил повеќе пати на момчето кое тоа го прифатило, а исто така му го подарил и својот дрес.
„Веднаш разговарав со него и се смеевме. Му беше мило што му го дадов дресот, а јас мислам дека му се извинив барем 35 пати. Не разбрав што зборуваше на француски, но се смееше, па мислам дека сфати дека сè беше во жарот на борбата. Витиња му објасни дека јас не сум таков“, додаде фудбалерот на Челси.
O Pedro Neto empurrou o gandula pra pegar a bola 😳
— DataFut (@DataFutebol) March 11, 2026
pic.twitter.com/FvJMRcMZ5S