Игуаин ги загрижи фановите на Јувентус, а за момент ги израдува оние на Тотенхем (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Јувентус го доби
градското дерби против Торино минимално со 0-1, со единствениот гол на мечот
кој го постигна Сандро.

Токму Бразилецот го
замени Гонзало Игуаин уште во 15. минута, откако аргентинскиот напаѓач имаше
еден лош пад.

Јувентус во продолжение
го очекуваат две средби со Аталанта, во купот и првенството, потоа на
програмата е дуелот со Лацио, за на 7 март да следи реванш пресметката со
Тотенхем на гостински терен, откако во Торино двете екипи ремизираа со 2-2.

Би било огромен хендикеп
за Старата дама доколку Игуаин го чека подолга пауза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани