Горан Пандев му даде гол и на Интер и беше најзаслужен за трите бода на Џенова против својот поранешен клуб.
Македонскиот капитен поради две работи вечно ќе му биде благодарен на Интер.
„Секогаш ќе му бидам благодарен на Интер, тие ме донесоа во Италија и ми овозможија да ја освојам тројната круна, но вечерва едноставно требаше да победиме. Се надевам дека тие ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите бидејќи клуб како Интер заслужува да биде таму“, изјави Пандев.
Интер беше клубот кој го купи Пандев од Беласица иако многу подоцна Македонецот заигра во првиот тим на „нероазурите“.
Пандев му е благодарен и на тренерот алардини поради тоа што константно го игра во првиот тим.
„Му благодарам на тренерот, тој ми даде шанса да играм константно и да се почувствувам важен, останатото дојде како резултат на тоа“.