Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Сеск Фабрегас е ново име на листата со желби на Флорентино Перез и неговите соработници за нов тренер на „кралевите“.
Алваро Арбелоа во моментов е привремено решение на клупата на Реал Мадрид, и се укажува на тоа дека стратегот нема да добие шанса на перманентна основа да ги предводи „кралевите“ – се говори дека единствена шанса за ова е триумф во Лигата на шампиони.
Па Флорентино Перез и неговите соработници разгледуваат опции за тој ќе биде следниот тренер.
Новинарот Хорхе Пикон зборува за шокантен кандидат, односно можноста Сеск Фабрегас да седне на жешкото столче.
Тој е поранешен фудбалер на Барселона, па сигурно нема да им се допадне на навивачите, но Флорентино Перез и неговите соработници го ценат неговиот стил на работа, комуникациските вештини и веруваат дека може да биде сериозен кандидат.
Во меѓувреме, ЕСПН објави дека Маурисио Покетино исто така е на листата со желби на „кралевите“, тој е дел од тренерите за кои Флорентино Перез има високо мислење.