Најдобриот и најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Џенова – Интер: Победа или реми за домаќинот
По пауза од два ипол месеци, „Нероаѕурите“ конечно победија минаото коло, Интер на домашен терен ја доби Болоња. Но пред избраниците на Лучано Спалети сега е незгодното гостување кај Џенова. Тимот на нашиот Горан Пандев заигра многу поорганизирани откако Давиде Балардини седна на клупата и има само три порази од ноември до сега. Ги краси играта во одбрана, примија само четири погодоци на последните 10 натпревари. Џенова малку се мачи во нападот, но исто така и Интер има проблем во офанзивата, а за гостувањето на Луиџи Ферарис, „Нероаѕурите“ ќе бидат без првиот стрелец Икарди како и без Перишиќ. Џенова ги доби последните четири пресметки со Интер пред своите фанови, на три од нив резултатот беше 1-0 па за очекување е уште еден ваков натпревар со мал број на погодоци и победа или реми за домаќинот.
Еибар – Барселона: Победа на гостинот
Со двата кикса против Еспањол и Гетафе, Барса му дозволи на Атлетико да фати приклучок во трката за титулата. „Каталонците“ се уште имаат комфорно водство од +7, но притисокот врз играчите на Валверде дополнително ќе се зголеми доколку тие и на трет натпревар по низа не успеат да прокнижат три бода. Пред Барселона е незгодното гостување кај Еибар, тим кој игра во одлична форма и има само еден пораз на последните 12 меча во Ла Лига. Но квалитетот и статистиката sе на страната на Барса, „Каталонците“ ги добија последниет пет пресметки со Еибар, од кои две со идентични 0-4, па лидерот на табелата и од оваа средба треба да си замине со три бода.
BET-IBC е активен повеќе од 10 години, нуди беспрекорна услуга и врвно обложувачко искуство од нова генерација.
Па не размислејте повеќе, отворете сметки за обложување и уверите се сами дека BET-IBC е најдобар и најпрофесионален брокер за онлајн обложување.
Фенербахче – Аланијаспор: Победа на домаќинот
Во 22. коло од првенството на Турција, Фенербахче на нашиот Елиф Елмас ја пречекува Аланијаспор. „Жолто-сините“ не знаат за пораз веќе 20 натпревари во сите конкуренции и за очекување е одличната серија да продолжи и денеска. Избраниците на Кочаман се дополнително мотивирани откако во минатото коло славеа на гостувањето кај лидерот Башакшехир и фатија приклучок во тркта за титулата. Па на крилата на сопствените навивачи Фенер не треба да има многу проблеми и да стигне до нов триумф.
Волфзбург – Баерн Минхен: Двата тима даваат гол
„Баварците“ веројатно ќе настапат со мешан состав бидејќи веќе во вторник ги чека пресметка со Бешикташ во Лигата на шампионите. Па ова ќе биде добра прилика за Волфзбург уште еднаш да го изненади шампионот. На првиот натпревар оваа сезона, „Волците“ се вратија од 2-0 и од гостивањето на Алианц Арена си заминаа со бод. Домаќините се во мала резултатска криза но мотивацијата која ја носат пресметките со гигантот од Минхен ќе влијаее позитивно врз Волфзбург за добро издание против фаворитот.
BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, нивниот VIP-IBC ќе се погрижи да бидат задоволни.