626
Во 2009,
бизнисменот од Дубаи го купи Портсмут за 5 милиони фунти, клуб кој тогаш се
соочуваше со финаиски потешкотии и му се закануваше исчезнување.
Но тој не се
задржа многу на чело на Портсмут бидејќи шест недели подоцна го продаде на Али
Ал Фараж. Оваа авантура сега скапо ќе го чини откако е осуден на пет години
затвор во Обединетите Арапски Емирати.
Причина за
ваквата казна е тоа што Сулејман Ал Фахим го купил Портсмут со пари кои биле на
банкарска сметка на неговата сопруга, а таа не дала дозвола за една ваква
трансакција.
Сулејман Ал Фахим
се товари за фалсификат, употреба на фалсификувани документи како и помагање
при вршење на кривично дело.