Сопругите на Ди Марија и Силва „удрија“ по Емери и порачаа: Што се разбираме ние, само сме жени…

by
1 минути читање

Унаи Емери реши на Сантијаго Бернабеу да истрча без капитенот Тиаго Силва, а шанса не му даде ниту на Анхел Ди Марија кој игра во страшна форма во последно време.

Коцкањето на стратегот на крајот не се исплатеше, ПСЖ загуби со 3-1. Па по финишот на мечот пристигнаа критики од страна на сопругите на Анхел Ди Марија и Тиаго Силва.

„Вашиот напор + вашата екстра работа + вашите голови + вашите асистенции + се наоаѓате во најдобар момент = на клупа. Но што се разбираме од фудбал, ниe само сме жени…“ – гласеше пораката на Хорхелина Кардосо, сопругaта на Анхел Ди Марија.

Изабела да Силва не беше толку жестока во критиките и само напиша: „Тактика, тактика? Каква тактика?“. Постот беше проследен со многу прашалници и извичници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани