1,1K
Доста чудно беше тоа што
при изведувањето на пеналот од страна на Роналдо за 1-1 против ПСЖ синоќа,
топката сама отскокна, а свое објаснување на ова има Рио Фердинант.
Се случи чудо: Пред Роналдо да го изведе пеналот, топката сама отскокна (ВИДЕО)
„Роналдо тоа го правеше
на тренинзите и во јунајтед. Тренираше да шутира така, секогаш измислуваше
нешто ново. Не велам дека овој пат тоа го направи намерно, но навикнат е веќе
да шутира на таков начин. Доколку не е, сигурно нешто би му засметало и не би го
извел пеналот на таков совршен начин. Знам, звучи лудо, но вистина е, Роналдо
ова го тренираше уште од кога игравме заедно“ рече Фердинант.