ПСЖ добро го
започна дуелот на Бернабеу и поведе со голот на Рабио, но „Кралевите“
изедначија пред полувремето со погодокот на Роналдо од пенал.
„Светците“ беа
подобар противник и во вториот дел, но откако не успеаја да ја затресат по втор
пат мрежата на Навас, Реал казни во финишот од мечот и преку Роналдо и Марсело
обезбеди триумф од 3-1.
„Не одигравме
толку лошо како што покажува резултатот. Верувам во овој тим, не чекаат нови 90
минути пред нашите фанови и мислам дека можеме да се пласираме во четвртфинале.
Ќе му биде тешко на Реал” – вели првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Тој потоа се
пожали и од судијата Џанлука Роки: „Резултатот не е фер, мислам дека бевме
подобар противник во второто полувреме, имавме шанси но правевме грешки”.
„На Мбапе му беше
досуден офсајд кога не беше во офсајд… Жолтите картони, ситни работи за кои
се имаше двоен аришин и секогаш беа во корист на Реал. Грешките на судијата не
чинеа многу. Судијата му помогна на Мадрид”.