127
Македонскиот третолигаш Росоман се пофали со неколку нови имиња за продолжението од сезоната, а едно од нив привлече посебно внимание.
Кристијано Роналдо е глобален феномен, па ниту Македонија е исклучок од ова.
Екипата на Росоман, која се натпреварува во Трета лига – југ, вчера промовираше неколку засилувања за продолжението од сезоната, а едно од нив е и Роналдо Фазлиов.
„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК Дреново“ – гласеше известувањето.
„Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб!“
„Добредојде Роналдо!“