67
Додека се летал со авион, Манајев се пожали дека му тече носот и од соиграч побара пари за со нив да се избрише. Доби банкнота од 5000 рубљи односно 70 евра со кои го издува носот и изјави: „Можев овие пари да ги дадам на луѓето кои имаат проблеми, но нема тоа да го направам затоа што ми е затнат носот“.
Ваквиот негов потег и изјава беа пречекани на нож од јавноста, играчот доби жестоки критики а министерот за спорт во Русија најави и казни за фудбалерот.