Реномираниот
Лекип пренесува дека Унаи Емери донел одлука младиот Преснел Кимпембе да му
биде партнер на Маркињос во срцето на одбраната на првиот дуел со Реал Мдрид во
Лигата на шампионите.
Весникот
пренесува дека тренерот на ПСЖ утрово го известил капитенот Тиаго Силва дека за
него ќе нема место во стартниот состав, Бразилецот бил прилично изненаден од
ваквата одлука.
Лекип додава дека овој потег на стратегот можел да се насети уште вчера кога на пресот покрај Унаи Емери
се појави Маркињос, кој треба да ја добие капитенската лента во отсуство на
Тиаго Силва и Тиаго Мота.
Останува да се
види која е причината зад ваквата одлука, дали е тактичко изненадување или пак
има некои проблеми во соблекувалната.
Преснел Кимпембе
оваа сезона во Лигата на шампионтие има одиграно нешто над 100 минути.