Бразилски бек ќе заигра за репрезентацијата на Србија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Како гром од ведро небо одекна веста во српските медиуми дека левиот бек Лукас Барос би можел да заигра за репрезентацијата на Србија. Станува збор за фудбалер роден во Рио де Жанеиро, кој нема никаква поврзаност со Србија, но сепак се споменува како потенцијален кандидат за националниот тим.

Барос во текот на кариерата настапуваше за Ботафого во Бразил, потоа за Тондела и Ковиља во Португалија, а во моментов го носи дресот на Војводина.

Според информациите на Србите, наводно потврдени од клубот од Нови Сад, стручниот штаб на Вељко Пауновиќ размислува за можноста да го повика Бразилецот во селекцијата на „орлите“.

Доколку дојде до таков потег, Барос би станал првиот странец кој би заиграл за Србија, што сигурно ќе отвори бројни реакции во јавноста. Засега останува да се види дали оваа идеја ќе се претвори во официјален повик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×