24
Бојан Миовски го прекина постот долг два месеци во шкотското првенство, Македонецот вечерва ја затресе мрежата на Килмарнок во убедливата победа на Ренџерс од 5-1.
Бојан Миовски повторно се радува на гол во шкотското првенство, стрелаше против Килмарнок во убедливата победа на Ренџерс од 5-1.
Во 58. минута од мечот, Македонецот убаво проигра со Диоманде и прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 2-0.
За Бојан Миовски ова беше прв погодок по два месеци во најсилното првенство на Шкотска, интересно, последен пат тој беше стрелец токму против Килмарнок во декември месец, кога два пати ја тресеше мрежата на гостувањето на „Рагби Парк“.