Проблем за Арбелоа: Една од ѕвездите се повреди и нема да игра против Бенфика во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид со драматична завршница успеа да ги освои бодовите на дуелот со Рајо Ваљекано, но победата донесе и сериозна главоболка за стручниот штаб. „Кралевите“ стигнаа до триумф благодарение на погодокот на Килијан Мбапе од белата точка во самиот финиш, но натпреварот рано беше обележан со лоши вести.

Џуд Белингем мораше прерано да го напушти теренот откако по еден интензивен спринт почувствува болка во левиот бутен мускул. Англичанецот издржа само десетина минути, по што побара замена и веднаш замина на дополнителни лекарски прегледи.

Од таборот на Реал потврдија дека станува збор за мускулна повреда која ќе го оддалечи Белингем од терените околу еден месец. Тоа значи дека фудбалерот ќе ги пропушти дуелите со Бенфика во нокаут фазата од Лигата на шампионите, како и неколку важни натпревари во Примера против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×