Наполи за 40 милиони евра го продава напаѓачот кој оваа сезона има само 2 гола

by bojan
1 минути читање

Наполи и Нотингем Форест си подале рака за трансфер на Лоренцо Лука, напаѓачот се сели на „островото“ на позајмица до крајот на сезоната, со опција во целост да биде купен за 40 милиони евра.

Пред почетокот на сезоната, Наполи го ангажираше Лоренцо Лука од Удинезе во зделка вредна околу 35 милиони евра, но напаѓачот не се снајде на југот на Италија и постигна само два погодока на 23 натпревари.

Но и покрај лошиот голгетерски учинок, неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги а последните информации велат дека Наполи си подал рака со Нотингем Форест.

Популарните „шумари“ ќе го добијат Италијанецот на позајмица со опција во целост да го купат во зделка вредна околу 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×